Јужна Кореја: 26 лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Макфакс

23/09/2019

09:51

619

Големина на фонт

а а а

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун којшто ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27 илјади домаќинства останаа без струја.

Тајфунот „Тапа“ претходно погоди делови од јужните острови на Јапонија, при што обилните дождови предизвикаа поплави. Тајфунот е проследен со поројни врнежи од дожд и силен ветер. Поплавени се улици, оштетени се домови, а околу 250 летови се откажани на 11 аеродроми во Јужна Кореја.

Се очекува тајфунот да донесе големи врнежи од дожд во крајбрежните градови на Северна Кореја, но нема да предизвика штета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг