Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Макфакс

23/09/2019

09:48

669

Големина на фонт

а а а

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична полиција, мигрантите се пронајдени при рутинска проверка на пункт 35 километри северно од Ларедо.

Меѓу приведените има мигранти кои дошле од Мексико, Еквадор, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас. Граничната полиција го привела и возачот, кој е американски државјанин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг