Мигранти се маскирале во украински одбојкари, но не отишле далеку: Носеле дури и топки, но грчките полицајци ги разоткриле

Точка

23/09/2019

10:16

2.762

Големина на фонт

а а а

Грчката полиција уапсила десетина мигранти од Сирија кои биле маскирани во членови на украински одбојкарски тим.

Тие биле уапсени во неделата на украинскиот аеродром откако полицијата утврдила дека пасошите кои ги имале кај себе се пријавени како украдени или изгубени. 

Сириските мигранти носеле идентични дресови, спортски торби, а имале и две топки за одбојка.

По испитувањето, било утврдено дека не се членови на одбојкарски тим. Мигрантите ќе бидат изведени пред суд поради обид за илегално излегување од земјата со украдени документи. 

Тие планирале да дојдат до некои други земји на ЕУ, навела грчката полиција, без да прецизираат за која земја станува збор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг