Иранскиот министер открива: Еве од каде им се на Хутите ракети за напад на Саудиска Арабија

Точка

23/09/2019

09:44

1.949

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џавад Зариф смета дека Хутите би можеле сами да го зголемат дострелот на ракетите кои биле искористени при нападот на саудиските нафтени објекти.

"Јеменците го наследија оружјето од Али Абулах Салах кое го купуваше за саудиски пари за време на својот долг престој на власт. Слушнав дека јеменското оружје се разликува од тоа што го произведуваме ние. Тие имаат технологии со чија помош можат да го зголемат дострелот на ракетите кои ги наследиле од Салех", објаснил Зариф. 

Според неговите зборови, Ријад не приложил никакви докази за вмешаноста на Иран во нападите.

"Саудијците покажаа претстава, но ништо не можеле да докажат", нагласил министерот.

Во интервју за американската телевизија CBS, државниот секретар на САД, Мајкл Помпео утврдил дека Хутите не поседуваат гранати со таков дострел.

Потсетуваме, неколку фабрики на нафтената и гасна компанија "Saudi Aramko" биле нападнати на 14-ти септември со беспилотни летала и ракети. Одговорноста за нападот ја преземале јеменските бунтовници Хути, против кои Саудиска Арабија се бори во коалиција со арапските држави. И покрај тоа, Помпео за нападот го обвинил Иран. Техеран овие обвиненија ги нарекол лаги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг