Две лица Скопје синоќа биле приведени поради тоа што при преглед од страна на полициски службеници, кај нив била пронајдена марихуана.
Едниот од нив, 22-годишен скопјанец бил приведен на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на 26-годишна возраст на подрачјето на Бит Пазар.
МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.