Демонстрантите денеска го запалија кинеското знаме и полицијата употреби солзавец на новите протести во северозападните делови од Хонгконг.
На протестите излегле неколку илјади луѓе, а медиумите пренесуваат дека има и упасени.
Денешниот ден поминал без масовност, во однос на протестите кои во Хонгконг во текот на изминатите месеци се одржуваат секој викенд, пренесуваат дел од тамошните медиуми.
Протестите почнале поради законот за екстрадиција што во меѓувреме беше прогласен за неважечки.
Сепак, демонстрациите прераснаа во антивладини протести, а демонстрантите составија нови барања меѓу кои и оставка на шефицата на владата, Кери Лам.