Вакви објави повеќе нема да може да гледате на Инстаграм: Строги мерки за сите кои ќе ги прекршат новите правила!

Точка

21/09/2019

19:26

6.634

Големина на фонт

а а а

Инстаграм најави строги мерки за објави со производи за слабеење и пластични операции.

Повеќето објави ќе бидат сокриени за корисниците помали од 15 години, дури одредени објави за “чудотворни“ производи за слабеење ќе бидат отстранети.


Нереалните објави за “брзо слабеење“ ќе бидат отстранети или младите корисници нема да можат да ги видат, доколку целта им е купување.

Промената ќе се однесува и на Фејсбук, кој е во сопственост на Инстаграм.

„Сакаме Инстаграм да биде позитивно место за сите корисници и оваа одлука е дел од нашите напори да го намалиме притисокот кој луѓето некогаш можат да го почувствуваат на социјалните мрежи“, рекла Ема Колинс, менаџерка на јавната политика на оваа социјална мрежа.


Овие мерки следеле после зголемувањето на загриженоста поради влијанието кое промовирањето на диеталните производи може да го има младата популација.

На почетокот на годината, Националната здравствена служба на Велика Британија повикала на отстранување на рекламите за производи за слабеење на социјалните мрежи, бидејќи тие може да имаат штетни последици на физичкото и менталното здравје на младите луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг