Леклер најбрз во квалификациите во Сингапур, па призна дека имал сериозни проблеми

Дерби

21/09/2019

17:42

2.427

Големина на фонт

а а а

Шарл Леклер од тимот на Ферари извозе најбрз летечки круг и ја освои пол-позицијата за утрешната Формула 1 трка во Сингапур.

Себастијан Фетел беше блиску до посакуван успех, но во завршницата на квалификациската сесија не успеа да го подобри своето време откако имаше проблеми на патеката.

Истовремено, Леклер чекаше и дочека, завршувајќи го последниот круг со најбрзо време, а по него Луис Хамилтон успеа само да ги раздели возачите на Ферари и го освои второто место во квалификациите. Четвртото место му припадна на Макс Ферстапен, а по него следуваа Ботас, Албон, Саинц, Рикардо, Хулкенберг и Норис.

– Ова беше навистина одличен круг, но во неколку ситуации помислив дека ја загубив контролата над болидот, – изјави Леклер веднаш по квалификациите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг