Зидан кон новинарите: Знам дека дојдовте само за една работа…

Дерби

21/09/2019

17:41

2.783

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан веројатно не се ни сеќава кога последен пат бил под толку голем притисок како тренер на Реал Мадрид, а причина се неубедливите игри и резултати, меѓу кои и убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите.

На денешната прес-конференција пред дуелот меѓу Реал и Севилја, Французинот испратил јасна порака до новинарите и јавноста.

– Вие дојдовте само за една работа, да зборувате за мојот отказ. Но, мене ме интересира само една работа, а тоа е утрешниот натпревар, немам време да размислувам на други теми. Ќе бидам тука додека имам поддршка од луѓето во клубот, кога ќе почувствувам дека не е така, ќе заминам.

– Она што е сигурно е дека утре не очекува тежок натпревар, Севилја ќе ни создаде многу проблеми. Но, фудбалерите се подготвени да го дадат својот максимум, – потенцирал Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг