Челси и Ливерпул ќе го одиграат дербито на колото во англиската Премиер лига, а менаџерот на „сините“, Френк Лампард, даде интересен коментар за кавгата на теренот меѓу Садио Мане и Мохамед Салах.
Ѕвездите на „црвените“ влегоа во конфликт откако Мане му се налути на Салах за потезите на теренот, но потоа и двајцата потврдија дека остануваат одлични пријатели. Лампард вели дека таа кавга не била ништо посебно.
– Колку време имате за да слушате за моите кавги, бидејќи имав долга кариера. Се сеќавам како беше да бидеш во иста соблекувална со Џими Флојд Хазелбанк, мислам на дуелот со Саутемптон на гостински терен. Јас постигнав гол, а тој се жалеше дека подоцна не сум му ја додал топката.
– Ми рече: Ете ти постигна гол, а потоа сакаше да дадеш уште еден, место да ми додадеш. Замислете тоа беа зборови на играч кој имаше по 20 удари на натпревар. Подоцна неколку дена ме игнорираше, требаше да помине време за да го нормализираме односот, – открил Лампард.
– И Салах и Мане мислат на себе, бидејќи се играчи кои сакаат да постигнуваат голови. Тие се гладни за погодоци и успеси, а тоа не може да биде проблем, секој менаџер сака такви фудбалери, – потенцира Лампард.