Вонредна вест: Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и кај нас

Нетпрес

21/09/2019

16:26

5.908

Големина на фонт

а а а

Околу 16 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје и во други градови во западниот дел од земјава. Според првичните информации земјотресот е со епицентар во Драч, Албанија и е со јачина од 5.8 степени по Рихтер, ниво 5, на длабочина од 10 километри, на брегот на Драч, во Јадранското Море.

Според информациите на Светската сеизмичка операција епицентарот на земјотресот бил во Албанија, 30км западно од Тирана.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај жителите на Република Македонија.

Жителите на Скопје кои живеат на повисоките катови во станбени згради во градот јавуваат за помали штети од паднати предмети и делови од мебел.

Засега нема информации за евентуални штети и повредени во близина на епицентарот на земјотресот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг