(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

Макфакс

21/09/2019

14:45

4.162

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајдено оружје, се предадени во ОКТИВ заради криминалистичко – технички испитувања и вештачења.

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација и заеднички со сите осум СВР-а, беа реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови (Скопје, Куманово, Кратово, Велес, Свети Николе, Македонска Каменица, Штип, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Пробиштип, Кочани, Виница, Делчево, Неготино, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Дебар и Кичево), на вкупно 54 локации.

Во текот на вчерашниот ден пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајдено оружје, се предадени во ОКТИВ заради криминалистичко – технички испитувања и вештачења.

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против улично дилерство во рамките на криминалистичкото истражување, изминативе два месеца запленети се вкупно: околу 22 кг. марихуана, 545 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, 1.880 мл.метадон, околу 200 парчиња таблети (МДМА и екстази), амфетамини, хероин и хашишово масло. Покрај ова одзмени се и три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба-кашикара, 56 куршуми различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл.

Вкупно се поднесени 30 кривични пријави, против 36 лица, од кои за 18 е одредена мерка притвор и една мерка претпазливост, а за едно лице е распишан и централен распис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг