Дојде во Манчестер Јунајтед како огромен талент, а сега се пензионира на само 31 година затоа што не може…

Дерби

21/09/2019

13:52

2.799

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот интернационалец и поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Андерсон, реши да стави крај на професионалната кариера на само 31 година.

Играчот од средниот ред пред кого се предвидуваше блескава иднина доживеа тежок пад во кариерата, па во ниту еден момент не успеа да ги оправда очекувањата од фудбалската јавност.

По заминувањето од Манчестер Јунајтед, Андерсон се проба во неколку клубови во Европа, се врати во Бразил, па откако и таму не се изнаигра се врати повторно во Европа, во турскиот второлигаш Адана Демирспор.

Како капак на се, Андерсон не можеше да се избори за влез во тимот на турскиот второлигаш, па на крајот се реши да си ја прекине голготата и да стави крај на активната професионална кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг