Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не ја започна баш најдобро новата сезона во Премиер лигата, па со осум бодови е на делба на четвртата позиција.
Аргентинскиот стратег пред дерби пресметката на „Кинг Пауер“ против Лестер истакна дека се сомнева дека тимот кој сега го има на располагање е неговиот најдобар кој некогаш го имал.
– Во овој момент ова не е најдобриот тим на Тотенхем. Видете ги резултатите. Лесно е да се каже дека тимот од минатата година беше подобар, затоа што игравме финале во Лигата на шампионите. Ќе видиме дали ќе можеме да повториме нешто. Доколку освоиме некој трофеј, тогаш ќе може да кажеме дека ова е најдобриот состав кој сме го имале, -изјави Покетино.
Средбата помеѓу Лестер и Тотенхем е закажана за денес со почеток во 13:30 часот.