Берлускони: Мојата Монца може да го победи Милан со 3:0

Макфакс

21/09/2019

13:46

1.196

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопственик на фудбалскиот гигант Милан, Силвио Берлускони кој сега е сопственик на третолигашот во Италија, тимот на Монца, тврди дека неговиот сегашен клуб би можел да ги совлада „росонерите“.

„Разговарав со претседателот на Милан и му предложив пријателски меч. Ние ќе победиме со 3:0 се разбира. Секој кој видел како Монца игра во последно време ќе даде иста анализа како мене“ – изјави Берлускони кој 22 години беше прв човек на „црвено-црните“ од Милано.

Под негово водство Милан петпати ја освојуваше Лигата на шампиони, а осумпати триумфираше во Серија А.

Берлускони, заедно со „неговата десна рака“, Адријано Галијани од минатата година ја презеде Монца и очекува тимот од трета лига да напредува кон повисоките рангови во италијанскиот фудбал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг