Американскиот претседател Доналд Трамп вршел притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, да го испита синот на демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден, објави „Волт стрит џурнал“, повикувајќи се на луѓе кои се запознати со темата.
Трамп на новинарите им рекол дека не е важно за што разговарале.
Како што пишува весникот, во телефонски разговор во јули, Трамп му рекол повеќепати на Зеленски на истрагата да работи со личниот адвокат на американскиот претседател, Руди Џулијани.
Трамп сепак одбил да им каже на новинарите дали со Зеленски разговарал за Бајден или неговото семејство, но рекол дека некој треба да го надгелдува поранешниот потпретседател на САД. Трамп истакнал дека Бајден додека бил потпретседател на САД, непримерно вршел притисок ва Украина да го отпушти обвинителот, кој го истражувал неговиот син, додавајќи дека новинарите треба да бидат трпеливи во овој случај.
Разговорот меѓу Трамп и Зеленски го истражуваат демократите, кои испитуваат дали Трамп и Џулијанисе обиделе да ја манипулираат украинската Влада во помагањето на предизборната кампања на Трамп, барајќи информации кои би можеле да бидат штетни за Бајден, неговиот противкандидат за претседател на САД.
Бајден ги осуди извештаите дека Трамп вршел притисок на украинскиот колега да го истражи неговиот син.
„Ако тоа е вистина, тогаш навистина нема крај на подготвеноста на Трамо да ја злоупотреби својата моќ и да ја понижи нашата земја“ рекол Бајден.
Тој нагласил дека Трамп треба да објави транскрипт од телефонскиот разговор со Зеленски од јули, за да може американскиот народ сам да суди за случајот.