Опасно предупредување на Москва после разместувањето на американските ракети: Негативните последици се неизбежни...

Точка

21/09/2019

20:56

4.567

Големина на фонт

а а а

Русија наскоро ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност после најновите планови на американската армија за распоредување на ракети од краток и среден домет, соопштија од Министерството за надворешни работи на Русија.

Според руското министерство, наместо да се бара начин за спасување на Договорот за нуклеарните ракети од среден домет “INF”, САД ги блокираат сите шанси да се разговара за конструктивно решение.

Русите тврдат дека властите од Вашингтон нанеле голем удар на системот на контрола на оружјето кој што се градел со децении.

„Големите негативни последици по меѓународната безбедност во неколку клучни региони во светот сега изгледаат практично неизбежно“, соопштија од руското Министерство за надворешни работи.


Покрај тоа, Пентагон ги тестирале ракетите „Томахавк“ со поголем домет кои беа забранети со “INF”, а исто така биле тестирани и „Лансер Мк-41“ – комбинација на ракета и лансер, со што се зголеми загриженоста во Русија.

„Во тој контекст и во врска со повикот на Пентагон за опремување на војската на САД со ракети од среден и краток домет, Русија ќе биде приморана да спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стратешка безбедност“, порачаа од руското Министерство за надворешни работи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг