Кина ја разви првата сонична пушка која може да растера голема толпа на луѓе со емитирање на нискофреквентни звуци кои што предизвикуваат болки во ушите, очите, но и внатрешните органи.
Во развојот на ова „револуционерно“ оружје учествувале експерти од војската и полицијата. Тестирањата покажале дека звуците кои што ги емитува оваа пушка можат да предизвикаат разни тегоби, од вртоглавица, мачнина и грчеви, но и тешки оштетувања на органите, па и инфаркт.
Соничното оружје ќе можат да го носат и органите на редот, а работи на гас кој кога ќе се загрее, овозможува оружјето да емитува звуци. Кинезите започнаа со развој на овој проект уште во 2017-та година и се предвидува дека наскоро ќе започне со масовно производство.
Засега не е познато дали оружјето ќе го користи кинеската армија или полиција, ниту тоа дали наскоро ваквото оружје ќе биде „тестирано“ врз демонстрантите во Хонг Конг.