Ни УНЕСКО нe може да ги заштити - градовите кои пропаѓаат поради својата убавина

Точка

21/09/2019

12:50

1.715

Големина на фонт

а а а

Дубровник отсекогаш бил познат во светот поради својата непроценлива убавина, култура и историја, а сега кога во него е снимена една од најпопуларните серии „Игра на тронови“, овој град почна да ги добива своите први последици.

Отсекогаш бил посетуван, но последниве години, бројот на луѓето кои одат во Дубровник е толку многу голем што градот повеќе не може да се справи со тоа. Бродови, крузери и јахти, секојдневно запираат на пристаништата откаде што директно одат кон вратите од Пила, кои се западна капија од 16-от век.  

Оттаму безброј туристички стапала преку улицата Страдуна поминуваат и одат кон градските ѕидини. Иако влезот во тој дел чини 30 евра, тоа не ги спречува љубителите на „Игра на тронови“ да одат на тие локации на кои што е снимена популарната серија.

Минатата година во Стариот град влегле повеќе од три милиони туристи. Експертите тврдат дека на овој начин историските знаменитости ќе бидат значително загрозени.

Зошто ништо не се презема за намалувањето на бројот на туристите? Многумина сметаат дека тоа е така поради тоа што поголем дел од локалните жители живеат од тој туризам.

Дубровник исто така почнува да го чувствува проблемот и со загадување кој е во праст поради бродовите. Водата и воздухот се загадени, а морскиот екосистем е во голема опасност. Поради тоа градоначалникот на Дубровник го ограничил бројот на бродови, а тоа е по два дневно.

Планот е на овој начин да се запрат загадувањето и штетите. Исто така ќе биде ограничен и бројот на посетители на дневно ниво, а тоа ќе биде 4.000, а ќе се наплаќа и такса од 2 и пол евра од човек.

Освен Дубровник туристите исто така го посетуваат и Котор кој го има истиот проблем. Котор е третиот најпосетуван град на Јадранското море.

Котор е позагрозен од Дубровник затоа што е надвор од ЕУ, па нема закони за заштита кои би можеле да се применат во него. Градот нема закон со кој би можело да се регулира тоа кој смее да плови во пристаништето, па затоа во Котор има многу бродови кои создаваат метеж и кои користат неквалитетно гориво полно со сумпор кое им наштетува на рибите, делфините, желките и воопшто на целиот екосистем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг