Седум минути страв - авионот пропаѓал со неверојатна брзина, а потоа следел хаос!

Точка

21/09/2019

11:00

4.204

Големина на фонт

а а а

Патниците кои во авионот од компанијата „Делта“ патувале од американскиот град Атланта во сојузната држава Џорџија искусиле седум минути чист страв кога авионот во текот на летот “пропаднал“ речиси девет илјади метри, пишуваат од „Њујорк Пост“.

Авионот во средата бил на половина пат од конечната дестинација кога на висина од 11.890 метри за нешто помалку од седум минути се спуштил на 3.000 метри.

„Одеднаш почувствував нешто што личеше на брз пад. Почнавме да паѓаме и маските за кислород почнаа да паѓаат исто така. Настана хаос помеѓу патниците. Една од стјуардесите повторуваше да не паничиме, меѓутоа ситуацијата беше многу напната. Многу од патниците кои беа околу мене дишеа забрзано“ - изјавил еден од патниците.

Тој изјавил дека од авионот им се јавил на својата сопруга и деца и им кажал дека таму се случуваат некои чудни работи.

Портпаролот на компанијата „Делта“ изјавил дека летот бил пренасочен кон градот Тампа на Флорида поради мерки за безбедност и дека таму слетал без никакви проблеми.

Како што истакнал тој, до пренасочување дошло поради “неправилности на оддржување на воздушниот притисок во авионот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг