Дали сте забележале дека зајдисонцата ова лето се виолетови? Глетката е романтична, а еве која е причината за тоа

Точка

20/09/2019

20:54

2.515

Големина на фонт

а а а

Ерупциите на вулкани кои се случија ова лето во Русија ги обоија изгрејсонцата и зајдисонцата на северната хемисфера во виолетова боја, покажува истражувањето на универзитетот Колорадо Булдер.

Кога рускиот “заспиен џин” Раикоке се разбуди на 22-ри јуни, од неговиот кратер широк 700 метри се подигна застрашувачка кафеава прашина, а гасовите кои се вивнаа во атмосферата беа видливи и од вселената. Но, тука не беше крајот на фотогеничноста на овој вулкан. 

Два месеци подоцна, фотографот Глен Рендал ги фотографирал Карпестите Планини во Колорадо, кога на своите снимки забележал нешто необично – водата на езерото имала виолетов отсјај, наспроти златните и сините нијанси на небото над неа.

И другите жители на тој регион забележале како изгрејсонцата и особено зајдисонцата попримиле темно виолетова боја.

Објаснувањето за ваквата појава веројатно се крие на другиот крај од светот бидејќи научниците веруваат дека за необичната боја на вечерното небо е одговорна ерупцијата на Раикоке. Истражувачите ја следеле состојбата на стратосферата со помош на метеоролошки балони и констатирале слој на сулфурни честички, чија дебелина била 20 пати поголема од вообичаената.

Кога сонцето излегува или заоѓа, неговите зраци ја погодуваат стратосферата под агол кој ги приморува да патуваат подолго и да се филтрираат низ повеќе аеросолни честички. Доколку помеѓу честичките се наоѓа и сулфур, доаѓа до ефект на “диско топка” и светлината се прекршува во сите можни правци.


Тоа е концепт познат под називот “распрскување” кој доведува до тоа сончевата светлост да прикажува одредени бои. Суптилните промени на боите се привремени и можат да се видат само под одредени временски услови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг