Еден поглед на неговото лице е доволен за да ви го разубави денот.
За едно куче да биде среќно, потребно му е кров над глава, многу галење и вкусни закуски. Такво куче е и Хачи, најсреќната шиба ину на Инстаграм, каде го следат повеќе од 26 илјади луѓе.
Доволен е само еден поглед на ведрото и насмеано лице на Хачи и денот веднаш ќе ви стане подобар!
Хачи живее во Јапонија, а благодарение на својот сопственик кој секогаш го фотографира во најдобар момент, неговиот Инстаграм профил е преполн со прекрасни фотографии на кои тој позира помеѓу цвеќиња, на плажа, пред излог или ужива во галење.
Нема сомнеж дека Хачи е најсреќната шиба ину на светот, барем на Инстаграм.