Запознајте го најсреќното куче на Инстаграм: Хачи обожува галење и фотографирање во природа

Точка

20/09/2019

20:08

3.685

Големина на фонт

а а а

Еден поглед на неговото лице е доволен за да ви го разубави денот.

За едно куче да биде среќно, потребно му е кров над глава, многу галење и вкусни закуски. Такво куче е и Хачи, најсреќната шиба ину на Инстаграм, каде го следат повеќе од 26 илјади луѓе. 

Доволен е само еден поглед на ведрото и насмеано лице на Хачи и денот веднаш ќе ви стане подобар!

Хачи живее во Јапонија, а благодарение на својот сопственик кој секогаш го фотографира во најдобар момент, неговиот Инстаграм профил е преполн со прекрасни фотографии на кои тој позира помеѓу цвеќиња, на плажа, пред излог или ужива во галење.

Нема сомнеж дека Хачи е најсреќната шиба ину на светот, барем на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг