Анѓушев: Платите растат како резултат на растот на економијата

Макфакс

20/09/2019

18:28

1.098

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на новинарско прашање посочи дека растот на економијата е резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека сето тоа делува и на природен раст на платите.

„Државниот завод за статистика денес објави дека бруто-просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани порасна за 5,5%, додека нето-просечната плата е зголемена за 4,3%, а просечната нето-плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без да индустријата расте. Се радувам што растот на бруто-домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина“, истакна вицепремиерот Анѓушев на новинарско прашање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг