Азманов го дополни исказот за случајот „Рекет“: Боки 13 ме уценуваше со објавување на документи од СЈО

Нетпрес

20/09/2019

16:56

2.440

Големина на фонт

а а а

Бизнисменот Зоран Азманов оцени дека аферата „Рекет” преставува „несреќен случај“, во кој шоуменот и директор на телевиијата 1ТВ, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка, се обидел да ја искористи моќта на медиумот, да уценува и изнудува пари.

Претприемачот во секторт на недвижнини Азманов во петоко во Обвинителството за гонење организиран криминал во го дополни својот исказ и потврди дека Јовановски му се заканувал со објавување документи од Специјалното јавно обвинителство и Финансовата полиција. Азманов го обвинуваше Боки дека му барал „рекет“ од 50.000 евра за стопирање на емисијата „Инсајдер”.

Според него Бојан Јовановски познат како Боки 13 се обидел да ја искористи моќта на медиумот, да уценува и изнудува пари.

– Најавата на таа емисија беше безобрана, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор (со Боки 13) го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата, тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува – изјави Азманов.

Претходно по два и пол часа заврши распотот на Агапи Дика, претседателката на собранието на невладината организација Меѓународен сојуз основан од Јовановски, преку чијашто сметка според досега достапните информации од околу десетина македонски бизнисмени биле изнудувани повеќемилионски суми во евра, со ветувања дека ќе имаат разни олеснувања во истраги против нив. Таа кусо изјави дека не знае каде заврушувале енормните износи, иако била потписник на договорот со битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски за наводна изградба на старечки домови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг