„Пробавме сѐ, но ПСЖ не сакаше да го продаде Нејмар“

Точка

20/09/2019

15:50

1.561

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау вели дека Каталонците сториле сѐ што е во нивна моќ за да го вратат Нејмар на „Камп Ноу“.

Бразилецот минатиот преоден рок беше доста поврзуван со враќање во Барселона од каде што премина во неговиот актуелен клуб ПСЖ за 222 милиони евра во 2017-та година.

„Вложивме големи напори за да го доведеме Нејмар. Направивме сѐ што можевме, испративме две понуди - во едната беа вклучени и други играчи, но добивме впечаток дека ПСЖ никогаш не сакаше да го продаде“, изјави Грау и додаде:

„А, ние не сакаме да губиме контрола, го сакаме најдобриот можен тим, но сакаме и тој да биде одржлив на сите страни“, изјави Грау.



Спонзорирани линкови

Маркетинг