Кака: Реал може да ја освои Лигата на шампионите или Примера

Точка

20/09/2019

15:45

1.010

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид изјави дека „Кралевите“ оваа година можат да освојат некој голем трофеј.

По тоа што може да се види на почетокот на оваа сезона, тешко дека некој верува дека Реал Мадрид може да дојде до некоја од „големите“ титули, но Кака не е еден однив.

„Во Реал Мадрид секогаш морате да освоите титула. Затоа е притисокот врз Зидан. Мора да ја освои Примера или Лигата на шампионите, тоа се титулите кои што навивачите ги сакаат. Мислам дека Реал има добар тим и неверојатен тренер, подготвени се за освојување на една од овие титули“, изјави Кака.

Бразилецот беше член на Реал Мадрид во периодот од 2009-та до 2013-та година, меѓутоа во Мадрид не блесна како што некогаш блескаше во Милан каде што ја освои Златната топка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг