Пејачката Ријана ги израдувала своите обожаватели, пред сè машката популација, со новата провокативна фотографија.
Музичката ѕвезда позирала во проѕирна долна облека, а во прв план бил истакнат нејзиниот задник. За само 4 часа, сексапилната фотографија собрала повеќе од 2 милиони лајкови, а како што се очекувало, следела и лавина од коментари.
На провокативната фотографија од пејачката изреагиралo и нејзиното поранешно момче Крис Браун, кој поставил само емотикон со ококорени очи, со што дал до знаење дека неговата поранешна партнерка “пука” од сексапил.