Русите со порака до Американците: Со оглед на моќта, би ве советувале да не ги „провоцирате“ нашите војници

Точка

20/09/2019

20:33

6.312

Големина на фонт

а а а

Москва смета дека американските изјави за плановите кои што овозможуваат разбивање на одбраната на Калининград е неодговорна закана.

„Прво, ние тоа не го сметаме за закана. Второ, ние сметаме дека таквите изјави се целосно неодговорни. И трето, можеме да видиме колку лесно политичките елити во САД се занимаваат со сериозни и комплицирани работи како што се глобалната безбедност и стабилност“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Уште поостар беше гувернерот на Калининградската област, Антон Алиханов откако американската армија симулираше напад на тој регион на Русија кој се наоѓа помеѓу Полска и Литванија.


Тој порача дека САД треба да се воздржат од нивните заговори да го нападнат Калининград затоа што руските војници се подготвени да се спротистават на сите непријатели.

„Нема да прифатиме никакви закани, ние сигурно не се плашиме. Кај нас е сместена главната база на руската Балтичка флота. Со оглед на моралот и техничката подготвеност на силите во Калининград, никого не советувам да ризикува да ги провоцира нашите војници“, изјави Алиханов.


Гувернерот на Калининградската област им испрати порака и на американските генерали, кои ги советува да ги прочитаат книгите по историја и да видат со какви последици се соочиле тие што правеле заговори против Русија.

„Рускиот народ знае да му одговори на секој американски генерал кој има планови. Мислам дека нашите партнери и противници одамна можеле да ги научат лекциите од историјата“, изјави гувернерот.


"National Interest" неодамна, повикувајќи се на информациите на аналитичарот Стефан Воткинс, пренесе дека американски стратешки бомбардер „Б-52“ во март симулирал бомбардирање на Калининградската област со крстосувачки ракети.

Воткинс открил дека авионот полетал од базата на американските сили во Барксдејл, Луизијана и симулирал напад со крстосувачки ракети на 60 наутички милји пред да влезе во рускиот воздушен простор, по што завртил и слетал во база во Велика Британија.


Во Калининградската област која што територијално е одвоена од остатокот на Русија, распоредени се и батерии на против-воздушните ракетни системи „С-300“ и „С-400“, против-бродски ракети „Оникс“ и моќните ракети „Искандер“.

„Американските сили веруваат дека знаат како да го пробијат Калининград“, ја пренесе "National Interest" изјавата на командантот на Военото воздухопловство на САД во Европа, генералот Џеф Хариган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг