Возможно е да доживеете оргазам во сон - дали некогаш ви се случило тоа?

Кармин

20/09/2019

14:05

4.453

Големина на фонт

а а а

Немаат само тинејџерите “влажни соништа“и возрасните можат да го доживеат врвот во сон, потврдува науката...Можеби оваа теорија за доживување на “врв“ кога сте во длабок сон (а притоа никој да не ве допира интимно) ви делува неуверливо, меѓутоа, науката го кажува спротивното.

Кога станува збор за оргазам, нашата потсвест може да направи чуда и тоа никогаш не треба да го заборавите.

„Иако чувствуваме физички ефект на оргазам како нешто да се случува со нашето тело, доживување на сексуалниот врв всушност се случува во нашиот мозок“ - вели секс терапевтот Венеса Марин.

„Не ни е потребен никаков физички стимуланс за да доживееме оргазам“ - се надоврзува таа.

Студиите покажале дека 80 отсто од мажите и 40 отсто од жените доживуваат силен оргазам во текот на нивниот сон.


Разликата помеѓу машкиот и женскиот оргазам во текот на сонот

Мажите кои доживуваат оргазам во сон оставаат видливи докази во вид на семена течност која во текот на ејакулацијата се излачува во долната облека.

Кај жените ситуацијата е малку поразлична. Иако во текот на сексот во будна состојба оргазмот кај жените е проследенс со лачење на вагинална течност, во сонот не мора да биде така. Студијата дошла до заклучок дека кај жените тоа се одразува преку забрзано чукање на срцето, зголемен крвен притисок, ширење на зениците и зголемено потење. Поголем дел од женските испитанички го потврдиле тоа.


Бидејќи нема физички контакт за што размислуваат жените и мажите во текот на доживување на оргазмот во сонот?

Со следење на активноста на мозокот за време на пред и по доживувањето на оргазмот, а кое е направено со помош на магнетна резонанца, дошло до заклучок дека припадничките на понежниот пол најчесто размислуваат, поточно сонуваат допирање по интимните делови, клиторисот, задникот или градите, а во сексуалната фантазија вклучени се и страсни бакнежи.

Кај мажите потсвеста малку е поедноставна. Припадниците на посилниот пол не сонуваат за сексуални активности туку доволно е да размислуваат за најпривлечните делови на женското тело, задник, гради, усни и слично.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk