Речно чудовиште: Нуркачите „очи во очи“ со анаконда долга 7 метри!

Точка

20/09/2019

13:31

7.956

Големина на фонт

а а а

Снимките од кои застанува здивот се направени во реката Формозо во Бразил, каде што нуркачите се сретнаа „очи во очи“ со огромната анаконда.

Бартоломео Бове го сними својот другар заедно со анакондата која што очигледно се заинтересира за камерата. Инаку, анакондите спаѓаат меѓу најголемите змиии можат да бидат долги дури девет метри. Оваа, како што тврдат нуркачите, била „само“ седум метри.

Се хранат со риби, помали змии, влекачи, птици и други цицачи.

„Однесувањето на оваа анаконда го демантира општото мислење на луѓето дека станува збор за агресивно и брутално животно кое за луѓето претставува голема опасност“, вели нуркачот Бове.

Иако луѓето не се на нивното „мени“, сепак средбата со нив може да биде опасна, доколку анакондата се почувствува загрозено. За среќа, оваа средба заврши мирно и затоа се направени овие импресивни снимки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг