Во Обвинитеството за организиран криминал и корупција во тек е распитот на сведоците за случајот „Рекет“ во кој главен осомничен е Бојан Јовановски - Боки 13.
Во распитот кој е во тек повикана била и продавачката од продавницата Пјер Карден за да се утврди дали обвинетиот Јовановски купувал облека, но и мебел од тој француски бренд во што се сомнева самото обвинителство.
Според извори на Обвинителството мебелот сè уште не е запленет па самата истрага во понатамошниот нејзин тек ќе открие дали Јовановски парите од „Рекет“ ги трошел во луксузната продавница „Пјер Карден“.
Да ве потсетиме деа минатиот месец од куќата на Катица Јанева беше запленет мебел во вредност од 5.000 евра.