Солскјер не пренесе позитивни вести: Манчестер Јунајтед без францускиот тандем и против Вест Хем

Дерби

20/09/2019

12:53

1.385

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед вчера збележа неочекувано тесна победа против Астана (1:0) во рамките од првото коло од групната фаза во Лига Европа.

Натпреварот „ѓаволите“ го одиграа со вториот состав и во тимот имаше многу млади фудбалери, а отсуствуваа голем дел од првите ѕвезди на клубот. Веќе подолго време поради повреда на терените ги нема Пол Погба и Антони Марсијал, а како што најави тренерот на клубот, Оле Гунар Солскјер и двајцата нема да бидат подготвени за натпреварот против Вест Хем кој се игра овој викенд.

– Пол и Антони не тренираат се уште, па не верувам дека ќе бидат подготвени. Лук исто така нема да биде подготвен. Даниел Џејмс? Не знам. Не тренираше последните денови. Се надевам ќе биде подготвен, но не сум сигурен. Утре ќе видиме кој ќе биде подготвен за сабота, -истакна Солскјер и потоа посочи дека не е загрижен што ќе Погба, Марсијал и Шо ќе прескокнат уште еден натпревар.

– Зошто би бил загрижен? Ние треба да бараме решение. Никогаш не сум бил загрижен за ништо, не сакам да шетам наоколу и да велам дека се грижам за нешто. Се трудам да имаме што поголем напредок, никогаш не сум бил некој кој се грижи, -заврши Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг