Првиот човек на Интер со зачудувачка изјава: Никогаш во животот немав гледано натпревар пред да го купам Интер…

Дерби

20/09/2019

12:52

1.157

Големина на фонт

а а а

Младиот, 28 годишен претседател на Интер, Стивен Жанг даде една неочекувана изјава која брзо ги обиколи медиумите во Италија.

Имено, Жанг на едно предавање за Финансискиот Фер плеј, призна дека пред да го купи Интер ниту еднаш во животот немал гледано фудбалски натпревар.

– Со години Финансискиот Фер плеј беше наш главне проблем. Ние зборувавме само за тоа. Не за маркетингот, рекланмите или проблемите со играчите, туку само за ФФП. Потрошив една година за да разберам како функционира тоа. Пред да го купиме Интер бевме компанија за малопродажба и немавме време да размислуваме за други работи. Јас, на пример, пред да го купиме Интер немав гледано ниту еден фудбалски натпревар, - истакна Жанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг