Револуционерно фотографирање и снимање: Huawei ги претстави Mate 30 и Mate 30 Pro

Точка

20/09/2019

12:35

2.569

Големина на фонт

а а а

Huawei ги претстави новите паметни телефони на Mate серијата - Mate 30 и Mate 30 Pro, најверојатно нема да има дозвола да ги користи сервисите на Google.

На светската премиера одржана во Минхен, кинескиот гигант го претстави телефонот кој долго се очекуваше, не толку поради техничките можности, туку поради оперативниот систем на кој што работи.

Иако во текот на целото претставување беше ставен акент на брзината, 5G можностите и новите камери, првиот човек на Huawei, Ричард Ју во ниту еден момент не спомена за оперативниот систем. Тој само во еден момент спомена дека Mate 30 серијата пристигнува со EMUI 10 оперативниот систем на Huawei на Android 10.


Mate 30 серијата пристигнува со новиот OLED Horizon екран кој „се прелева“ странично и исто така новиот процесор Kirin 990 5G кој беше претставен на саемот IFA во Берлин.

Дизајнерски Mate 30 серијата е слична на Mate 20, со тоа што на предната страна се наоѓа помал Notch каде што се сместени две камери и два сензори. Предните камери се користат за 3D Face Unlock, односно препознавање на лицето и отклучување на екранот, додека под екранот исто така е сместен сензор за отпечатоци на прсти.


На задната страна доминира „метален прстен“ каде што се сместени три, односно четири камери. Mate 30 на задната страна има тројна SuperSensing камера која се состои од „нормална“ камера од 40 мегапиксели, широкоаголна од 16 мегапиксели и телефото камера од 8 мегапиксели. Pro моделот има ште една 3D камера за „длабочина“ на фотографиите.

SuperSensing камерата може да снима видеа во 4К резолуција, камерата исто така пропушта 40% повеќе светлина со што се овозможува снимање и во услови на лошо осветлување или ноќни услови. Телефото камерата нуди 3х оптички, 5х хибриден и до 30х дигитален зум со оптичка стабилизација со помош на вештачка интелигенција.


Големиот екран и моќниот процесор бараат добра батерија, па така Huawei Mate 30 доаѓа со батерија со капацитет од 4,200 mAh, додека пак Mate 30 Pro има уште поголема батерија - 4,500 mAh. И двете батерии ја поддржуваат Huawei SuperCharge технологија и бежично полнење преку полначот на Huawei од 27 W.

Mate 30 и Mate 30 Pro би требало да бидат пуштени во продажба веќе идниот месец по цена од 799 долари за Mate 30 верзијата со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, односно 1099 долари за Mate 30 Pro верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија.

За жал, се уште нема информации кога, дали и по која цена ќе бидат достапни Mate 30 и Mate 30 Pro на пазарот во Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг