Персонализирана исхрана: Здравје, по ваша мерка!

Точка

20/09/2019

12:25

1.307

Големина на фонт

а а а

Прекумерната тежина е несомнено еден од најголемите медицински проблеми на 21 век. Вишокот килограми може да биде последица на генетски фактори, ендокрини нарушувања или употреба на несоодветни лекови.

Сепак, најчест причинител кој придонесува кон зголемена телесна тежина се лошите навики на исхрана, односно внесувањето поголем број на калории од тоа што ни е потребно за нормално фунционирање. Поради тоа, во 2016 година беше измерено дека 1,9 милијарди од вкупното светско население страда од зголемена или прекумерна телесна тежина.

Иако постојат генерални корисни препораки за тоа како да се исхрануваме со цел да ја постигнеме оптималната тежина (јадење најмалку пет овошки и зеленчук дневно, намален внес на животински протеини, особено црвено месо, консумирање житарици со цело зрно итн.) тие не се доволно корисни бидејки секој човек на различен начин ги апсорбира и ги метаболизира хранливите материи. Тоа значи дека дефиницијата за здрава исхрана не е иста за секого.

Како решение на овој проблем се појавува таканаречената "персонализирана диета" која во последно време , луѓето сè повеќе и повеќе ја практикуваат, бидејќи истражувањата сугерираат дека секој од нас е единствен во начинот на кој ги преработува хранливите материи. Капацитетот на секоја личност за извлекување енергија од храната се разликува. Персонализираната исхрана се заснова на идејата дека со индивидуални совети за исхрана и распоред на вежбање, секој ќе ги направи диететските промени скроени за неговите потреби, без да се измачува и да ги враќа килограмите.

Нутриционистите, кои ги подготвуваат овие персонализирани диети користат подетален пристап - многу повеќе информации, се со цел да извлечат конкретни заклучоци релевантни за поединецот. Тие ја земаат предвид генетиката, цревните бактерии, типот на телото, хемиската експозиција, навиките во исхраната, физичката активност, однесувањето во спиењето, микробиомот итн.... Па така, со неодамнешните научни сознанија сè повеќе се дава поддршка за овој нов пристап кон исхраната.

Една од најголемите придобивки од персонализираната исхрана е тоа што може да се создаде слика за секој поединец каде се наведуваат конкретни недостатоци во исхраната, алергии и медицински состојби што тој ги доживува. Без разлика дали барате само здрава исхрана, сакате да ослабете, или пак треба постојано да управувате со шеќерот во крвта, работењето „еден-на-еден“ со нутриционист ќе ви помогне да ги решите овие проблеми на природен и здрав начин. Советите на нутриционистот ќе ви помогнат да одредите што му е потребно на вашето тело и кога, така што ќе можете да ги направите сите вистински избори кои одговараат на вашите физички, клинички и емоционални потреби.

Процесот на здрава исхрана и водење здрав живот е различен за секого. Сите тела ја обработуваат храната поинаку, и не може да постои исхрана која е погодна за сите. Ако се чувствувате како да сте ја пробале секоја исхрана без среќа, не мора да ја изгубите сета надеж. Личниот план за исхрана развиен од Виталиа може да ви помогне да се вратите на вистинскиот пат и конечно да ги постигнете резултатите што ги посакувате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг