Де Вриј со коментар за пресметката меѓу Лукаку и Брозовиќ

Дерби

20/09/2019

12:01

904

Големина на фонт

а а а

Вчера во јавноста излезе информација дека настанал конфликт меѓу Ромелу Лукаку и Марсело Брозовиќ и меѓу нив дошло и до физички контакт. Сепак, ескалација на настанот спречиле соиграчите, а прв кој помогнал бил Алексис Санчез.

Сепак, стоперот на клубот Стефан Де Вриј истакна дека немало никаков инцидент помеѓу играчите по натпреварот со Славија Прага како што се пишуваше во медиумите.

– Глупости, тие работи кои беа напишани никогаш не се случиле во нашата соблекувална. Нема што да се каже и ништо да се одговори, се радуваме и мора да се насочиме кон следниот натпревар. Кој и да го напишал тоа, ве уверувам дека ништо немаше во соблекувалната, -истакна холандскиот стопер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг