Солскјер се отвори по солидниот настап на Гринвуд: Точно е, поради него ги продадов Лукаку и Санчез, и…

Дерби

20/09/2019

12:00

1.375

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед вчера беше доминантен на натпреварот против Астана во првото коло од групната фаза во Лига Европа, меѓутоа на крајот дојде само до минимална победа до 1:0.

Единствениот гол на средбата го постигна младиот, 17 годишен фудбалер Мејсон Гринвуд пред кого е блескава иднина. По натпреварот коментар за неговиот настап даде и Оле Гунар Солскјер кој пред неколку месеци најави дека Гринвуд ќе биде откровение на сезоната на „Олд Трафорд“.

– Покажа само дел од тоа што го може. Запомнете и очекувајте големи работи од него во иднина. Само треба да дојде во противничкиот шеснаесетник и нешто ќе се случи. Прекрасна завршница и гол низ нозете на голманот. Добро се снаоѓа во противничкиот шеснаесетник. Како што кажав претходно, малиот знае да ја удри топката како што треба, - изјави Солскјер, а потоа беше запрашан од новинарите дали поради него ги продал Санчез и Лукаку и дали тоа било вистинската одлука за клубот.

– За мене тоа беше вистинска одлука. Затоа што притоа мислев и на клубот и на Гринвуд. Мислам дека Мејсон ќе биде од огромна важност за нас оваа сезона. Досега не играше многу, но ќе ги добие своите минути и ќе се развива како што треба, - одговори Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг