Мислеле дека е мачор, но набрзо се скамениле од страв - крволочен пантер се шетал по крововите

Точка

20/09/2019

11:52

3.744

Големина на фонт

а а а

Ветеринарот успеал со стрела да го успие опасното животно кое се шетало по крововите. Жителите на еден северен француски град повикале помош кога забележале црн пантер како се шета по крововите на куќите.

Граѓаните на Армантјер вчера воочиле како црниот пантер се шета по крововите на куќите и во текот на еден час излегува и влегува низ еден отворен прозор.

Набрзо повикале полиција која заедно со ветеринарната служба многу тивко влегла во зградата за да не ја вознемири големата мачка.

Ветеринарот упеал со стреличка да го успие опасното животно.

„Женка, црн пантер, која беше тешка околу 20 килограми и стара околу пет или шест месеци беше со големина на мал лабрадор“ - изјавил Кадер Лагоуати од Здружението за заштита на животните, пренесуваат од Би-би-си.

Тој изјавил дека сопственикот го припитомил животното и тоа не било агресивно.

„Имаше исечени нокти и беше со добро здравје“ - додал.

Пред да успеат да го фатат, пантерот влегол во стан на едно семејство чија 15-годишна ќерка била дома. Штом го видела животното како влегува во собата веднаш преплашена избегала од станот.

Животното сега се наоѓа под заштита на Здружението за заштита на животни, а полицијата трага по нејзиниот сопственик за да утврди како воопшто дошол до такво животно и во какви услови тоа било одгледувано.




Спонзорирани линкови

Маркетинг