Николас Пепе сè уште не може да се навикне на животот во Англија и се уште не го има понудено тоа за што е пристигнат на „Емирејтс“.
Крилниот фудбалер уште ја бара вистинската форма, а додека тој го прави тоа, младите фудбалери на Арсенал се повеќе се наметнуваат во тимот.
Еден пример е и Букајо Сака, 18 годишниот фудбалер кој одигра одлично на вчерашниот натпревар против Ајнтрахт и веднаш доби пофалби од легендата на Арсенал, Мартин Кион.
– Мора да го гледате начинот на кој игра Пепе во овој момент. Тие платија 72 милиони фунти за него, а ова дете (Сака) изгледа многу, многу подобро во овие моменти, -истакна Кион во студиото на „БТ Спорт“.