„Сиромашниот Роналдо ме молеше за храна, син ми не ми верува“ - се огласи најбараната готвачка на светот

Супермен

20/09/2019

22:13

10.453

Големина на фонт

а а а

Жената која му помогна на еден од најдобрите фудбалери на денешницата се огласи и го прифати повикот за вечера на Роналдо. По приказната на Кристијано Роналдо дека молел за храна и апелот дека сака да им се оддолжи на жените кои му помогнале, се огласила една од нив - Паула Лека.

Кристијано Роналдо неодамна во телевизиското интервју на Пирс Морган, покрај многубројните пикантерии од својот живот откри и како пораснал, како 11-годишно момче чекал од еден ресторан во Португалија брза храна, готвачките да му дадат храна.

Исто така го запомнил и името на една од нив, се викала Една, која на дечињата од Лисабон меѓу кои бил и Кристијано им давала хамбургери од „Мекдоналс“ кои не биле продадени тој ден. Поради таа причина, еден од најдобрите фудбалери на денешницата истакнал дека сака да им се оддолжи.


Тој јавно ги повика жените да се јават, а Паула Лека, една од нив веднаш се огласила по повикот на Кристијано. Паула речиси секоја вечер ги хранела гладните момчиња кои во Лисабон тренирале фудбал и живееле на прагот на егзистенцијата.

„Ќе се појавеа кај ресторанот, а кога хамбургерите ќе останеа ќе добиевме повик од менаџерот да им ги поделиме на децата. Едно од тие деца беше Роналдо. Беше најплашлив од децата“ - изјавила Паула и продолжила:

„И понатаму се смеам кога размислувам за тоа. Веќе зборував со мојот син за тоа, но мисли дека го лажам затоа што не може да поверува дека неговата мајка некогаш нешто му давала на Кристијано Роналдо. И мојот сопруг знае за тоа. Се сеќава кога доаѓаше по мене и дека таму децата беа навечер, а меѓу нив и Роналдо“.


„Интересно е што сега се зборува за нешто кое се случило одамна. Тоа ја покажува неговата хуманост. Барем сега луѓето знаат дека тоа не е измислено. Доколку ме повика на вечера секако дека ќе одам. Прво што ќе направам е тоа што ќе му се заблагодарам, а во текот на вечерата сигурна сум дека повторно ќе се сеќаваме на тие времиња“ - изјавила жената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk