Мејсон Гринвуд ги израдува фановите на Манчестер Јунајтед, постигнувајќи го единствениот погодок за неговиот тим на дуелот со Астана од Лига Европа.
Англискиот состав славеше со 1:0, а токму Гринвуд со квалитетен индивидуален потег успеа да ја застресе мрежата на гостите во 75. минута од средбата. Со 17 години и 353 денови, Гринвуд стана најмлад играч во историјата на Јунајтед кој постигнал гол во европските купови.
Рома немаше вакви проблеми против Истанбул Башакшехир, откако ја доби средбата со 4:0, а головите беа дело на Каисара (автогол), Џеко, Ѕаниоло и Клајверт.
За регионов интересен беше и дуелот меѓу Партизан и АЗ Алкмар, а српскиот претставник одигра само 2:2 иако поголем дел од средбата имаш човек повеќе на теренот.