ОН: Русија и Кина блокираа резолуција за прeкин на огнот во Сирија

Точка

19/09/2019

21:45

1.595

Големина на фонт

а а а

Русија и Кина денеска ставиле вето на резолуцијата поддржана од убедливо мнозинство на земји членки на Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на огнот во северозападната сириска провинција Идлиб, последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Резолуцијата бара постапките против бунтовниците да бидат во согласност со меѓународното хуманитарно право, пренесува агенцијата „AP“.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, во Советот рекол дека целта на резолуцијата, подготвена од Германија, Белгија и Кувајт, е да се спасат меѓународни терористи кои се забарикадирани во Идлиб до конечниот пораз. 


Германскиот амбасадор, Кристоф Хојсген, одговорил дека поддржувачите на резолуцијата се решени да се борат против тероризмот, но инсистирал на тоа дека операциите мора да обезбедат заштита на цивилите, како што налага меѓународното право.

Резолуцијата била поддржана од 12/15 члеки на Советот за безбедност, а Екваторска Гвинеја била воздржана.

Наскоро треба да се гласа и за друга резолуција која повикува на прекин на огнот во Идлиб, предложена од Русија и Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг