Француските екипи за итни случаи го спасиле белгискиот пилот на Ф-16 кој утрово паднал на далновод, откако се катапултирал од авионот кој се срушил во Бретања, Франција.
Ловецот ја напуштил воздушната база Флоренс во Белгија и се упатил кон француската приморска воздухопловна база Лориен-Лан Бих. И двајцата пилоти на авионот успеале да се спасат, потврдуваат француските власти.
Авионот се урнал на оддалеченост од 160 метри од една куќа, која е евакуирана поради оштетен кров. Според изјавите на очевидците на местото на настанот, биле соборени и неколку дрвја. Авионот не носел оружје.
Електричари им помогнале на екипите за итни случаи во спасувањето на еден од пилотите, кој со падобранот се закачил на далновод под напон од 250.000 волти. Спасувањето траело два часа, велат француските медиуми.