Почина поранешниот претседател на Тунис, Бен Али

Макфакс

19/09/2019

19:13

2.135

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Тунис, Зина ел Абидин Бен Али, почина денес на 83-годишна возраст, соопшти неговиот адвокат.

„Бен Али, кој живеше во егзил во Саудиска Арабија, почина во Џеда, а неговото тело ќе биде пренесено во Мека, каде ќе се чека одлуката на семејството во врска со погребот“, изјави адвокатот Мунир бен Салах за АП. 

Бен Али страдаше од рак на простата, а во болница бил примен минатата недела.

Тој од власт беше соборен во 2011 година, по 23 години на чело на земјата, во крвави протести кои го означија почетокот на Арапската пролет, по што беа соборени уште неколку други автократски лидери.

Иако тој во повеќе наврати беше обвинет за корупција, некои поддржувачи побараа негово враќање поради економските и безбедносните предизвици што ја погодија земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг