Ангеловска: Како миленијалец ми пречи да слушам дека со „Мој ДДВ“ си играме со технологијата

Макфакс

19/09/2019

18:05

2.589

Големина на фонт

а а а

Да не се технологиите нема да има ниту фискална транспарентност, ниту фискална дисциплина, ниту, пак, младите ќе ги задржиме во земјата, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска, реплицирајќи на комисиската расправа за ребалансот на буџетот во Собранието.

Таа всушност реплицираше на тврдење дека мерката „Мој ДДВ“ е играње со технологијата. Ангеловска истакна дека мерката „Мој ДДВ“ е само една мерка од сеопфатна стратегија за решавање на сивата економија.

„За ‘МојДДВ’ кажавте една реченица за која мене искрено како нова генерација, како миленијалец ми пречеше, а тоа е дека си играме со технологии. Да не се технологиите, нема да има ниту транспарентност, ниту следење на јавен долг, ниту фискална дисциплина, ниту ќе одиме напред, ниту младите ќе ги задржиме во земјата ако не се технологиите. Велите зошто не сте го намалиле ДДВ-то. Порано беше ‘Фискална во рака, награда без мака’ – зошто тогаш не беше намалено ДДВ-то. Тогаш фискалните се испраќаа во плик и се доделуваа станови. Ја користевте како мерка за да адресирате проблем со која мислевте дека ќе ја решите сивата економија. Не. Тоа е само еден мал дел. И ‘Мој ДДВ’ е само една мерка. Има стратегија и ќе ја решаваме сивата економија“, рече министерката.

Со ребалансот на буџетот се обезбедуваат 300 милиони денари за мерката „Мој ДДВ“, чија прва исплата ќе биде за неполни три месеци, истакнуваат од Министерството за финансии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг