Ето за новиот бисер на Барселона: Многу е добар, тој има…

Дерби

19/09/2019

16:58

2.005

Големина на фонт

а а а

Името на Самуел Ето со големи букви ќе биде запишано во историјата на Барселона со оглед на тоа што Камерунецот најубавите години во кариерата ги мина на „Камп Ноу“ каде со шпанскиот гигант освои голем број на трофеи.

Неговиот збор секогаш има тежина и значање, па дефинитивно треба да му се верува кога дава прогноза дека пред Ансу Фати е блескава иднина. Тинејџерот настапи на неколку средби за првиот тим на Барселона во оваа сезона и постигна голови, асистираше, испиша нови рекорди.

- Само Господ знае што се случува со Фати. Многу е добар. Има не еден, туку два пара на топки, ова момче има карактер. Му посакувам се најдобро и пред се да не се повреди, - истакна напаѓачот кој остави голема трага во Европа играјќи за најголемите клубови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг