Македонија се „лизна“ 11 места на новата ранг-листа на ФИБА

Дерби

19/09/2019

16:56

1.109

Големина на фонт

а а а

Македонската кошаркарска репрезентација забележа пад од 11 позиции на најновата ранг листа која ја објави ФИБА.

Најновата листа доаѓа по завршеното Светско првенство во Кина, па затоа има и доста промени кои негативно влијае врз нас со оглед на тоа што не учествувавме на овој голем настан. Ние со 184.4 поени сме 53 светска кошаркаска сила или во случајов ние сме измеѓу Белорусија и Романија. Кога е во прашање пак само Европа го држиме 29 место.

На врвот пак и понатаму е САД, ама Шпанија со златото во Кина ја намали разликата меѓу овие две репрезентации. Австралија пак со скокот од 8 места дојде до третата позиција по што следуваат Аргентина, Франција, Србија, Грција, Литванија, Русија и Чешка која од 24 место дојде до првата десетка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг