Познатите актери не престануваат да се шегуваат еден со друг: “Мојот е поголем од твојот”

Точка

19/09/2019

16:01

4.835

Големина на фонт

а а а

Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се навистина добри пријатели, а какво е тоа пријателство ако тие не се шегуваат меѓу себе?

Поранешниот гувернер на Калифорнија објавил видео снимка на Инстаграм во која му честита на Сталоне на новиот филм кој пристигнува во кината – “Rambo: Last Blood”. 

Пред да се сними, Терминатор го покажал ножот користен во Рамбо кој Сталоне го потпишал и го донирал во добротворни цели, пишува “Men’s Health”.

“Само што го видов ножот кој си го потпишал во добротворни цели. Неверојатно е, погледни го овој нож. Но, ова не е нож. ОВА е нож. Овој го користевме во “Predator”. Малку е поголем од твојот, но нека не те загрижува тоа”, рекол Арнолд, обраќајќи му се на Сталоне и покажувајќи го својот нож.

Потоа, тој му честитал на пријателот на новото остварување и му посакал многу успех во кината.

“Ќе биде хит. Најдобар си”, го бодрел Сталоне.

Тоа што е интересно е дека тие двајца не секогаш биле пријатели.

“Се мразевме во осумдесеттите бидејќи и двајцата бевме во истиот бизнис и сакавме еден со друг да се фрлиме во сенка. Тоа беше војна. Се натпреварувавме кој има поголеми мускули, кој убил повеќе луѓе на филм, кој убил на подобар начин, кој заработил повеќе пари. Конечно во деведесеттите станавме пријатели и оттогаш се дружиме. Иницијално, морате да ми бидете конкуренција, некој кој го мразам бидејќи тоа ме придвижува”, изјавил Шварценегер во интервју во 2014 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг