НАТО ја губи воената предност над Русија, поради што е покрената редефиниција на стратегијата на Алијансата, изјавил шефот на американската армија, генералот Џозеф Данфорд.
Тој присуствува на состанокот на Воениот комитет на НАТО, кој се одржал во Љубљана минатата недела, а теми на средбата биле Авганистан, Ирак и Косово.
Според соопштението кое официјално го издало американското министерство за одбрана, Данфорд изјавил дека Русија станала огромна воена закана, бидејќи официјална Москва направила многу за подобрување на своите одбранбени способности.
Сега предноста која ја имаше НАТО е “стопена“, додал генералот. Поради тоа, како што истакнува, потребно е што поскоро да се направи нова стратегија на НАТО.